Тројката Симоноски, Гучески, Џигероски донесоа нова победа на КЛ7-Струга

//Тројката Симоноски, Гучески, Џигероски донесоа нова победа на КЛ7-Струга

Тројката Симоноски, Гучески, Џигероски донесоа нова победа на КЛ7-Струга

КЛ7-Струга ја забележа својата петта победа по ред во машката младинска лига на Македонија. Во последното коло ја совладавме екипата на РК Еурофарм Работник со 33:30(18:14).

Нашите млади момци во текот на целот натпревар ја имаа предноста и контролата. Иако на почетокот се играше гол за гол, се до 13та минута каде поведовме со 8:5, и до крајот на натпреварот успеавме да го зачуваме ова водство.

Највисоката предност ја имавме на средината на второто полувреме, 24:16, што беше доволно Матлиески да им даде шанса и на помладите ракометари.

Одличен натпревар имаше Гучески Симон со девет постигнати погодоци, додека Симоноски успеа да запише осум пати на листата за стрелци, а Џигероски го заврши натпреварот со седум погодоци.

Ова беше последно коло од машката младинска лига, а во наредната фаза, Фајнл Фор, ќе продолжат четири екипи меѓу која и нашата КЛ7-Струга

КЛ7 Струга – РК Еурофарм Работник 33:30 (18:14)

КЛ7 Струга: Петрески, Исмаилоски, Стефаноски 2, Џигероски 7, Попоски 1, Јовчев 2, Гучески 9, Христоски, Шулески, Симоноски 8, Пајкоски 3, Новаковиќ, Ѓоргоски 1, Затуроски,

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин

2018-04-28T17:22:43+00:00 April 28th, 2018|Струга|0 Comments