Во натпревар кој само во првиот дел беше неизвесен и израмнет, уиграната и посикусна екипа на РК Аеродром на крајот “визираше” учество во финале и борба за титулата против скопски Вардар.
Струшките ракометни пионери предводени од во првиот дел нерешливите Ѓоргоски и Христоски го одржуваа натпреварот во неизвеност. Со стартот на вториот дела дојде до израз тимската игра на противникот и повеќето расположени играчи за игра.
Крајниот резултат од 25:20 ни закажа натпревар со кавадаречки Тиквеш во борба за трето место.
Во борба за третото место со ГРК Тиквеш, кавадарчани повеќе ја посакуваа победата и заслужено го добија натпреварот со 23:21. Најдобар стрелец во нашите редови беше повторно Ѓоргоски со осум погодоци