Во максимално фер и коректна атмосфера помина денешното езерско дерби, Охрид – КЛ7 Струга во кое нашите момци на крајот извојуваа и повеќе од убедлива победа.
Дејан Џигероски во еден дел од играта покажа зошто е на списокот на националната селекција, а по одигрување на “фластер” над него Симоноски, Гучески, Стојков, Брлакоски и останатите продолжија да играат на високо ниво.
За обележување и минутажата на нашите најмлади играчи Ѓоргоски, Христоски и Шулески кои покажуваат одлични игри, а на голот покрај првиот голман Петрески се посигурен е “малиот” Исмаилоски.
На крај семафорот покажуваше резултат 23:35 за нашите момци