КЛ7 Струга рутински до нов триумф против Металург

//КЛ7 Струга рутински до нов триумф против Металург

КЛ7 Струга рутински до нов триумф против Металург

КЛ7 Струга успеа да ја забележи својата десетта победа во машката младинска лига на Македонија. Во натпревар во кој нашите тренери Калајџиески и Матлиески им дадоа шанса на сите расположливи играчи да ги покажат своите можности, КЛ 7 Струга лесно го совлада Металург со резултат 39:29

Нашите момци тргнаа силно од стартот и за брзо време дојдоа до водство од 5:1, па понатаму продолжија да го диктираат темпото на игра за на полуреме да заминат со 19:13. Вториот дел започна идентично како и првиот со силно темпо на КЛ7 Струга, за натпреварот да го завршат со 39:29.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Стојков и Симоноски со по шест погодоци, но натпреварот го одбележа „пионерот“ Исмаилоски кој забележа неколку одлични одбрани.

Во следното коло КЛ7 Струга гостува во Охрид, а во последното коло наш противник ќе биде Еурофарм Работник. По оваа победа нашата екипа останува на втората позиција, позиција која носи на завршниот турнир.

КЛ7 Струга 39:29 РК Металург

КЛ7 Струга: Петрески, Исмаилоски, Матоски, Петров 2, Стефаноски 1, Џигероски 4, Попоски 3, Јовчев 1, Гучески 6, Христоски 1, Шулески, Симоноски 6, Пајкоски 3, Барлакоски 4, Ѓоргоски 2, Стојков 6

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 10 мин

2018-04-19T20:36:23+00:00 April 19th, 2018|Струга|0 Comments