Николовска: Нашите деца со нетрпение го чекаат секој тренинг

//Николовска: Нашите деца со нетрпение го чекаат секој тренинг

Николовска: Нашите деца со нетрпение го чекаат секој тренинг

Доаѓањето половина час пред почеток на тренинг , само ја потврдува љубовта на децата кон ракометот. Нашите деца со нетрпение го чекаат секој тренинг. Така стојат работите во кумановската школа за ракомет на капитенот.

Како што ни кажа еден од тренерите, Кети Николовска секој тренинг е приказна за себе, но едно е заедничко, а тоа е другарската атмосфера. Имаме и помали и поголеми дечиња и момчиња и девојчиња. Нивната возраст е од 6 до 15 години. Поделени се во 2 групи. Другиот тренер е Валентина Николовска. Таа заедно со тренер Кети работат со повеќе од 60 деца. Тренинзите се трипати неделно на две локации. И малата и големата група тренираат во Спортската сала на град Куманово и во спортската сала при ОУ “Браќа Миладиновци”.

Сите тие сонуваат еден ден да станат професионални ракометари , а нивниот идол е човекот во чија школа ги учат првите ракометни чекори. Како што велат нашите тренери Николовски, работата со деца е благодет, за нив треба и време и збор и трпение. Пристапот е најважен и секој следен тренинг кога гледаме како напредуваат децата , ние сме повеќе од задоволни.тоа е нашети најголемо признание. Работиме со соодветни реквизити , кои ни овозможуваат комплетен тренинг.

За крај уште еднаш да кажеме дека спортувањето е благодет за секое дете, и навиките за здрав живот се стекнуваат токму сега.

2018-04-18T16:27:17+00:00 April 18th, 2018|Куманово|0 Comments