Пионерите на КЛ7 Струга дојдоа до деветата победа по ред

//Пионерите на КЛ7 Струга дојдоа до деветата победа по ред

Пионерите на КЛ7 Струга дојдоа до деветата победа по ред

Пионерите на КЛ7 Струга забележаа нова победа во четвратата група во Пионерската лига. овој пат го совладаа РК Охрид 2013 минимално со 15:16

Младите момци одлично го отворија натпреварот, каде набрзо имаа водство од 1:4, одлично го продолжија натпреварот за пред крајот на полувремето да дојдат до најголемата предност од 4:10, на полувреме се замина со 6:10.

КЛ7-Струга ја имаше контролата и во вториот дел се до 34 минута, каде следеше серија на Охрид 2013 од три погодоци и за неизвесен завршеток. Но Ѓорговски се погрижи во последната минута да ја донесе деветата победа на  КЛ7-Струга од исто толку натпревари. Тоа беше негов осми погодок со што беше најдобар стрелец во нашите редови

Со оваа победа КЛ7-Струга останува на првата позиција со максимални 24 бодови пред РК Еурофарам Работник со 15 бодови.

РК Охрид 2013 – КЛ7 Струга 15:16 (6:10)

Исмаилоски, Негриенски, Чакар, Христоски, Шулески 3, Симоноски, Новаковиќ 1, Затуроски, Бочески 2, Тутенкоски, Ѓоргиовски 8, Јованоски, Стрезоски2, Пинтоски, Мемед

Седмерци: 5/8  Исклучувања: 4 мин

2018-03-31T17:19:59+00:00 March 31st, 2018|Струга|0 Comments