Истокот од Македонија сака ракомет

/, Главни Новости, Чешиново-Облешево/Истокот од Македонија сака ракомет

Истокот од Македонија сака ракомет

Ако пред четири месеци имаше интерес кај децата да се дел од школата за ракомет КЛ7 , при нашата последна посетa во Чeшиново-Облешево видовме дека интересот е повеќе од оправдан. Момчињата и девојчињата максимално дисциплинирано и посветено ги одработуваат тренинзите.

Иако се мали, преку зададените вежби од страна на тренерот Евица Стојанова ги совладуваат првите чекори во најпопуларниот спорт кај нас. Како што вели Стојанова дечињата не испуштаат ниту еден тренинг , освен ако е во прашање здравствен проблем.

За овие дечиња не се пречка ниту километрите која треба да ги поминат за да стигнат на тренинг во спортската сала во Облешево. Бидејќи голем дел од нив живеат во околните места, но желбата е посилна од се.