Освоени нови бодови во битката за учество на завршниот турнир

//Освоени нови бодови во битката за учество на завршниот турнир

Освоени нови бодови во битката за учество на завршниот турнир

Во натпревар во кој нашиот тим беше во улога на фаворит, стружани стартуваа според очекувањата и го диктираа резултатот во текот на целото полувреме. Гучески и Џигероски помогнати од солидно одиграната одбрана ги предводеа КЛ7- Струга до + 4 по завршување на првото полувреме.

Вториот дел нашите момци застанаа и не одиграа според можностите дозволувајќи му на домаќинот да се доближи резултатски и да се понадева дека вечерва може да дојде и до позитивен резултат.
Сепак до крајот Попоски, Џигероски и останатите наши младинци одиграа колку што беше потребно за победа со резултат 32:28.

За одбележување е добрата игра на овој натпревар на Барлакоски кој на моменти со своите голови ја одржуваше разликата во позитива за нашиот тим

Македонија Ѓорче Петров – КЛ7 Струга 28:32 (13:17)

КЛ7 Струга: Петрески, Скепароски, Стефаноски 2, Џигероски 4, Јовчев 3, Гучески 6, Христоски, Попоски 4, Тутенкоски , Симоноски 7, Матоски, Пајкоски, Барлакоски 6, Ѓоргоски , Шулески 2.

Седмерци: 3/4    Исклучувања: 12 мин.

2018-03-17T19:32:46+00:00 March 17th, 2018|Струга|0 Comments