РК Вардар го задржа врвот по дуелот со КЛ7 – Струга

//РК Вардар го задржа врвот по дуелот со КЛ7 – Струга

РК Вардар го задржа врвот по дуелот со КЛ7 – Струга

Во максимално коректен и до крај неизвесен натпревар во “Супер лига” амбиент и одлична посетеност на трибините, РК Вардар од позиција на лидер на табелата со резултат 26:27 ги освои бодовите во Струга. Натпреварот се одигра во салата при СОУ “Нико Нестор”.

Иако, РК Вардар преку целиот натпревар имаа константно водство сепак во ниту еден момент немаа поголема предност.
За обележување на овој натпревар е дека иако бодовите беа многу важни за двете екипи, кои многу веројатно се учесници во завршницата на плејофот, радува фактот дека се играше коректно и во духот на ферплејот.
Најефикасни кај нашата екипа беа Симоноски со девет и Џигероски со осум голови. По девет одиграни кола во првата група од машката младинска лига, РК Вардар останува на првата позиција со 22 освоени бодови, додека КЛ7 – Струга на второто место со 18 бодови.

КЛ7 Струга – РК Вардар 26:27 (11:13)

КЛ7 Струга: Петрески, Скепароски, Стефаноски, Џигероски 8, Јовчев 3, Гучески 2, Христоски, Попоски, Тутенкоски , Симоноски 9, Матоски, Пајкоски, Барлакоски 1, Ѓоргоски 2, Стојков 1, Костоски 2.

Седмерци: 4/4    Исклучувања: 4 мин.

2018-03-11T16:50:18+00:00 March 11th, 2018|Струга|0 Comments