Викендов нашата млада екипа од Струга одигра три подготвителни натпревари со екипата на “Бутел” и младинската екипа на суперлигашот “Тинекс Пролет” во Скопје.
Тренерскиот тандем Калајџиоски – Матлиоски максимално ги искористи натпреварите давајќи им можност на сите играчи за воигрување на тимот пред пролетната полусезона. Особено интересни беа натпреварите со амбициозниот прволигаш и лидер на првенството “Бутел”. Благодарност до домаќините од Скопје за срдечниот пречек и можноста да одиграме квалитетни натпревари.