Нова победа на младата екипа на КЛ7 – Струга

//Нова победа на младата екипа на КЛ7 – Струга

Нова победа на младата екипа на КЛ7 – Струга

Нашата младинска екипа од Струга, КЛ7 вчера одигра натпревар со младата екипа на Охрид.

Во натпревар во кој нашата екипа доминираше во текот на сите 60 минути, за обележување е одличниот настап на нашиот тим во сегментот на одбраната, каде одигравме феноменална 5-1 формација.
Таквата игра ни овозможи доста лесни и брзи голови што покажува и фактот дека во 42 минута семафорот покажуваше 9:22.

На крајот натпреварот заврши со резултат 24:32

2018-02-15T04:13:12+00:00 February 15th, 2018|Струга|0 Comments