Последниот тренинг за оваа година на девојките од генерација 2002/03 од нашата школа во Маџари беше одлична можност за одигрување натпревар т.н. ќерки & мајки.
На овој интересен натпревар и двете екипи имаа свои светли моменти. Искуството на едната и младоста на другата страна, имаа свои предности.
“Можам да кажам дек ова беше едно убаво искуство за нас како родители, кои патем цело време “паметуваме” од трибини и мислиме дека е многу едноставно да се игра оваа игра. Дел од нас на терен, се уверија дека не е баш така. Сепак, ова беше едно убаво дружење кое се надевам ќе прерасне во традиција“ – ни изјави најдобриот стрелец кај мајките.