Предновогодишно дружење на децата од школата за ракомет “Кирил Лазаров 7”

/, Главни Новости, Маџари/Предновогодишно дружење на децата од школата за ракомет “Кирил Лазаров 7”

Предновогодишно дружење на децата од школата за ракомет “Кирил Лазаров 7”

За крај на 2017 година на иницијатива на неколку родители од Скопје се организираше средба на децата и нивните родители во NEXT, на која се доделија и симболични подароци од партнерите на школата.

Дечињата видно возбудени уживаа во неколку часовното дружење во исчекување секој од нив да го добие најпосакуваниот подарок, ракометна топка со потпис од нивниот идол Кирил Лазаров. Нивниот тренер Здравка Дамовска им се заблагодари што се добри ученици , кои со својат редовност и дисциплина на тренинзите покажуваат колку го сакаат ракометот, посакувајќи им многу здравје и среќа во годината што следи.

Иако оваа средба беше во предзнакот на новата година, во иднина овие дружби ќе бидат почести.

 

2017-12-23T16:40:50+00:00 December 23rd, 2017|Аеродром, Главни Новости, Маџари|0 Comments