Заврши турнирот во Васлуи, стружани со солиден учинок

/, Струга/Заврши турнирот во Васлуи, стружани со солиден учинок

Заврши турнирот во Васлуи, стружани со солиден учинок

Избраниците на Данило Брестовац забележаа три тесни порази на турнирот во Васлуи, Романија. На првата средба, Македонија загуби со 29-27. Во вториот натпревар против домаќинот Романија, по многуте промени на водството Македонија го имаше последниот шут за изедначување, кој не го реализираше за конечен триумф на Романците од 27-26, додека на третата средба против Украина, нашите ракометари загубија со 32-25.

На турнирот во Романија настапија тројца играчи од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ – Струга, Симоноски, Џигероски и Гучески.

Одличен настап забележа младиот пивотмен Симоноски кој против домаќинот Романија успеа да се запише дури седум пати на листата на стрелците, а одлично одигра и во одбраната.

Ова беше веќе втор подготвителен турнир за оваа генерација ракометари како подготовка за ЕХФ шампионатот летово во Грузија, односно за Светското првенство што ќе се игра во Скопје во 2019 година.

2017-12-18T11:04:56+00:00 December 18th, 2017|Главни Новости, Струга|0 Comments