Кристијан Симоноски, Дејан Џигероски и Симеон Гучески, како дел од кадетската ракометна репрезентација на Македонија денес ќе ги одмерат силите со Израел, на меѓународниот турнир кој се игра во романскиот град Васлуи..
.

Кадетите од вчера се наоѓаат во Романија, а го одржаа и првиот тренинг во салата во Васлуи, каде во наредните три дена ќе се одиграат вкупно шест средби. На меѓународниот турнир покрај Македонија и домаќинот Романија, ќе настапат уште Израел и Украина.

.
Тројцата членови на младинската екипа КЛ7 -Струга го задоволија вкусот на селекторот Брестовац и влегоа во потесна селекција.
.

.
Овој турнир во склоп на подготовките на нашата кадетска репрезентација за настапот на ЕХФ шампионатот, кој ќе се одигра во јули 2018 година во Грузија, како и за Светското Првенство (СП) за оваа генерација, кое во 2019 ќе се игра во Скопје.
Распоред на натпревари:
15.12.2017 (18.30 часот) Македонија – Израел
16.12.2017 (16.30 часот) Македонија – Романија
17.12.2017 (10.30 часот) Македонија – Украина