Во градот под Шара започна со рaбота школата за ракомет ” Кирил Лазаров 7 “

/, Тетово/Во градот под Шара започна со рaбота школата за ракомет ” Кирил Лазаров 7 “

Во градот под Шара започна со рaбота школата за ракомет ” Кирил Лазаров 7 “

Огромен интерес кај тетовските деца за најатрактивниот спорт во Макенонија, ракометот.

Со вчерашниот прв тренинг само ја верификуваа нивната љубов кон ракометот. Видно возбудени, среќни што ќе бидат дел од големото семејство на Школата за ракомет на капитенот. Услови фантастични. Ќе тренираат во најубавата школска сала во Републикава, која е во склоп на СДУ „8- ми Септември”.

Тренер ќе биде добро познатиот човек од ракометот како играч така и како тренер Зоран Перовски кој втора година по ред ја предводи пионерската екипа на Ракометниот клуб Кромак. А од вчера својата квалитетна работа и посветеност ја пренесува и на нашите членови. Голем дел од нив за прв пат се среќаваат со ракометната топка , но има и дечиња кои веќе ги направиле првите чекори во ракометот и силно веруваат во својот сон, еден ден да ги бранат боите на својата татковина.

Школата ќе работи со момчиња и девојчиња родени 2006 / 2007 и помали.

Повеќе информации за ракометната школа во Тетово ќе можете да добиете на телефонскиот број ‎078/253-825 или да не контактирате преку порака на нашата официјална Facebook страница и нашата електронска пошта info@kmgsport.mk.

Се гледаме во сала

2017-12-01T17:21:19+00:00 December 1st, 2017|Главни Новости, Тетово|0 Comments