Отворена школа за ракомет” Кирил Лазаров 7″ во Чешиново-Облешево

//Отворена школа за ракомет” Кирил Лазаров 7″ во Чешиново-Облешево

Отворена школа за ракомет” Кирил Лазаров 7″ во Чешиново-Облешево

Во општина Чешиново – Облешево вчера се одржа првиот тренинг на децата кои се дел од школата за ракомет ” Кирил Лазаров 7 “.

Тренер е Евица Стојанова некогашна ракометарка која ќе работи со нашите мали ракометарчиња во спортската сала на ОУ “Климент Охридски” во Облешево.

На тренингот му претходеше запознавање со родителите и дечињата од овој дел од Македонија. На првата средба беа присутни околу триесетина деца на возраст од 5 до 10 години. Ова е бројка за поздравување која го потврдува интересот за ракомет кај најмалите.

Тренинзите ќе се одвиваат 3 пати неделно а во завидност од интересот ќе се формираат и неколку групи. Сите наши школи работат со деца родени 2006/07 и помали.

Благодарност до директорката на ОУ “Климент Охридски” г-ѓа Силвана Мишкова за несебичната поддршка кон реализација на нашата цел – РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.

2017-11-30T21:22:27+00:00 November 30th, 2017|Главни Новости|0 Comments