Oчекувано кога станува збор за школата на Капитенот со голем интерес и полна сала дечиња “жедни” за ракомет Олгица Танчева и Мите Јанев ја стартуваа школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во Валандово.
30 деца кои го сакаат ракометот го имаа својот прв тренинг и запознавање со своите учители по ракомет.
Јанев е првиот тренер на Танчева а сега заедно ќе работат со дечињата кои според возраста се поделени во две групи.
Како и во останатите школи на Капитенот низ Македонија тренинзите ќе се одвиваат три пати во текот на седмицата.