Нова убедлива победа на КЛ7-Струга

//Нова убедлива победа на КЛ7-Струга

Нова убедлива победа на КЛ7-Струга

Езерското дерби во младинска конкуренција пред одлично пополнети трибини во салата при ОУ„Нико Нестор“ во Струга заврши со убедлива победа на стружани со резултат 32:23 (15:9).

Во еден нерамноправен дуел во кој нашите момци ја диктираа играта и контролираа резултатот, брилираше суперталентраниот Дејан Џигеровски со 12 голови, подржан од денес во две насоки одличниот Симоновски, столбот на одбраната Попоски и левото крило Симон Гучевски. Охриѓани иако со дури петмина играчи од првиот тим во составот денес без шанси за освојување бодови во Струга.

Покрај резултатот радува што по подолго време трибините во салата беа солидно пополнети од публика која и тоа како знае што е добар ракомет.

2017-11-28T12:07:55+00:00 November 28th, 2017|Струга|0 Comments