Лазаров пак номиниран за најдобар десен бек во светот 2017 година

/, Богданци, Валандово, Главни Новости, Куманово, Маџари, Охрид, Св. Николе, Скопје, Стојаково, Струга/Лазаров пак номиниран за најдобар десен бек во светот 2017 година

Лазаров пак номиниран за најдобар десен бек во светот 2017 година

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров повторно е номиниран за најдобар десен бек во светот за 2017 година во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен веб медиум „Planet-handball”. Капитенот на нашата репрезентација минута уште една импресивна година и е фаворит за освојување на признанието.

Конкуренти на Лазаров му се Алекс Душебаев, Недим Ремили и Ласло Наџи. Лазаров во годината која што изминува беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција во јануари годинава, а како прв стрелец ги заврши и европските квалификации за Европското првенство во Хрватска.

Десниот бек ја освои ASOBAL лигата, Купот на Кралот, ASOBAL Купот и ASOBAL Суперкупот, а со Барселона играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите, за подоцна да го освои четвртото место.

Ова лето, најдобриот десен бек во светот, реализира трансфер во Нант и веднаш го освои првиот трофеј, Суперкупот на Франција (Трофеј на шампионите), откако во финалето го совлада ПСЖ.

Гласајте за Кирил Лазаров ТУКА:

[/fusion_text][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container]