Клиниката “Жан Митрев” медицински партнер на “Школата за ракомет Кирил Лазаров7”

/, Богданци, Валандово, Главни Новости, Куманово, Маџари, Охрид, Св. Николе, Скопје, Стојаково, Струга/Клиниката “Жан Митрев” медицински партнер на “Школата за ракомет Кирил Лазаров7”

Клиниката “Жан Митрев” медицински партнер на “Школата за ракомет Кирил Лазаров7”

Континуираната соработка која во изминативе 3 години ја има кампот на Лазаров со тимот на д-р Жан Митрев се проширува и во школите на капитенот. Од следната година секое дете од школата ќе биде прегледано во клиниката “Жан Митрев”. Одделот за педијатрија кој ова лето беше задолжен за здравјето на нашите кампери, ќе ги направи сите потребни испитувања на децата од школите кои ги имаме низ Македoнија.
Неодамна Лазаров ја посети клиниката при што му беа претставени новините во неа. Една од нив за кој тој пројави најголем интерес е лабораторијата за генетика и персонализирана медицина која што во соработка со Био Инженеринг Доо е една од ретките во светот којашто преку ДНК тестирање може да утврди ризици за развивање на различни болести во иднина.
Персонализирана медицина или МЕДИЦИНА ЗА ЗДРАВИ ЛУЃЕ е нов пристап во медицината во којшто сите медицински одлуки и третмани се скроени за секој човек посебно. Како основа на персонализираната медицина се ДНК (генетските) анализи и нивната цел е проактивност, односно откривање и превенирање на болестите десетици години пред да се појават. Д-р Иван и Горан Кунгуловски едни од ко-основачите на лабораторијата, сметаат дека во многу блиска иднина ова ќе стане златен стандард во медицината и секое новородено бебе ќе има однапред одреден ризик за развивање на болести, склоности, реакција на лекови, дури и предиспозиција за еден или друг тип на спорт и слично.

За прв пат во Македонија, на дваесетина млади спортисти од нашата школа  ќе им бидат направени ДНК испитувања со цел на реализирање на нивниот спортски генетски потенцијал, добивање на подобри резултати но и подобро здравје. Според зборовите на Д-р Горан Кунгуловски, ДНК молекулата е иста во секоја клетка и најлесно е да се земе материјал од плунка или од крв преку којшто во зависност од комплексноста (дали се тестираат една или неколку милиони мутации) на анализата резултатите се добиваат од 1 до 60 денови. ​
Со само еден сеопфатен генетски тест (тестирање на сите 20 000 гени) може да се одреди ризикот за развивање на кардиоваскуларни болести, ризикот за развивање на рак, невродегенеративни болести, имуни болести, одговор и реакција на лекови, персонализирана исхрана врз основа на гените и склоности кон разни спортски особини.
Најдобриот десен бек на планетава Кирил Лазаров ги направи првите чекори кон персонализирано здравје и ќе стане заштитно лице на персонализираната медицина во клиниката ” Жан Митрев”.