На радост на сите дечиња од Тетово отвораме школа и во градот под Шара.
За школата во Тетово Кирил Лазаров го изјави следното:
“Ме радува што наскоро започнуваме со работа и во Тетово. Голем беше интересот на дечињата и родителите , пишуваа, прашуваа кога ќе се отвори школо во Тетово. Колку го сакаат ракометот и силната желбата да тренираат, ова лето ни потврдија и со нивното учество на кампот.Тетовци беа најбројни, во споредба со минатите 2 години. Ракомет за секое дете е нашата мисија, цел , со уште една отворена школа продолжуваме кон остварување на истата”
Тренер ќе биде добро познатиот човек од ракометот како играч така и како тренер Зоран Перовски кој втора година по ред ја предводи пионерската екипа на Ракометниот клуб Кромак, каде што во иднина со квалитетна работа и посветеност своите први чекори ќе ги направат и членовите на нашата школа .
Школата ќе работи со момчиња и девојчиња родени 2006 / 2007 и помали.
Повеќе информации за ракометната школа во Тетово ќе можете да добиете на телефонскиот број 078/253-825 или да не контактирате преку порака на нашата официјална Facebook страница и нашата електронска пошта info@kmgsport.mk.
#СеГледамеВоСала