Стартува школата на Кирил Лазаров во Богданци и Стојаково

/, Главни Новости/Стартува школата на Кирил Лазаров во Богданци и Стојаково

Стартува школата на Кирил Лазаров во Богданци и Стојаково

Школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” од денеска (06.09.2017) започнува со работа во Стојаково, а од утре (07.09.2017) и во Богданци.

Тренер е нашата некогашна репрезентативка Лилјана Новоселска- Трпчевска која своето искуство ќе го пренесе на сите заинтересирани дечиња кои сакаат да бидат дел од најуспешниот колективен спорт во Македонија.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортските сали на ОУ “Кирил и Методиj” среда, петок и сабота во Стојакoво, а во вторник, четврток и сабота во СОУ “Богданци”.

Информации околу термините и се што е поврзано со школите во овие општини ќе можете да ги добиете на телефонскиoт број 078/ 203-339

Се гледаме во сала

2017-11-29T11:27:11+00:00 November 3rd, 2014|Богданци, Главни Новости|0 Comments